Неофицијално дознаваме дека двајца од учесниците во простестот во Љубојно за кој веќе известувавме се соочуваат со парични казни.
Исто така, дел од жителите се организираат за солидарно да се платат казните, а отпорот да продолжи.
Според нив, сечата на шумата е веднаш над селскиот водовод и ерозијата која ќе се појави со првиот посилен дожд може да го загрози снабдувањето со вода на Љубојно.
Тешките товарни возила користени за транспорт на исечените дрва веќе оштетиле делови од цевководот.
Жителите на Љубојно веќе неколку дена протестираат и нема најави дека ќе се откажат од, како што велат одбраната на природата од која зависи животот во селото.