Казнат француски турист кој од италијанска плажа однел 41 килограм камења

Турист од Франција ќе треба да плати од 500 до 3.000 евра казна, бидејќи од плажата на италијанскиот остров Сардинија однел 41 килограм камења и камчиња.

Французинот откако ги собрал камчињата од плажа ги ставил во вреќа и се обидел да ги пренесе со автомобилот. При сообраќајна контрола тој бил запрен од италијанската полиција пред да се качи на траектот од Порто Торес за Ница.

Туристите често земаат камења од плажите на Сардинија во лето, што е забрането со локалниот закон за природно наследство, бидејќи се смета за јавно добро. Французинот ќе мора да плати казна од 500 до 3.000 евра.

Извор: rtcg.me

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни