Катерина Шехтанска: Недела во детството ми беше најомразен ден

Катерина Шехтанска – Лаковски е позната македонска глумица и балерина. Дипломирала актерска игра на Факултет за драмски уметности Скопје (2003). Работи во Драмски театар Скопје од 2011 година. Бројни се нејзините улоги како на штиците, така и на филмското платно. Живее во Скопје, каде е мажена и е мајка на две деца. Ќерка е на познатиот македонски глумец Александар Шехтански.

Во недела наутро:

Недела наутро сакам да спијам колку што можам повеќе. Секако доколку немам снимање или некоја проба, а често снимањата знаат да ми се за време на викенд.

Неделен ручек:

Доколку сум дома се знае, неделниот ручек е со семејството.

Неделно попладне:

Неделното попладне е резервирано за натпреварите на моите деца, Филип со кошарка, а Клеоника со одбојка.

Неделно опуштање:

Во принцип викендите ми се активни како и останатите денови од неделата. Како што кажав во мојата професија никогаш не постои викенд. Исто така и децата ми се големи и си имаат обврски, а јас секогаш сум тука за нив и да им бидам личен возач.

Недела навечер:

Ако немам обврски можам да си дозволам и јас малку да се опуштам со добра книга, некој текст што треба да го учам или евентуално да не правам ништо. Само да си лежам и ако наидам на нешто интересно на ТВ да изгледам некоја емисија или филм.

Недела во детството:

Недела во детството… хммм, најомразениот ден во неделата, ха ха ха… како и на секое дете. Сепак многу побезгрижно, поопуштено и релаксирано за разлика од сега.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни