Еurope House и меѓународните претставници во земјава избират Европска жена на годината. Седум амбасадори и претставници на меѓународните институции во земјава ќе номинираат по една силна жена жена која ги крши бариерите и создава подобра иднина.
H.E. Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Шпанија и Europe House Bitola ја претставуваат третата номинација за наградата Европска жена на годината за 2024 а тоа е Кaтерина Котеска Стисниовска.
Катерина е адвокатка, специјализирана во семејно право, семејно насилство и родово-базирано кривично право. Таа е жена која поставува нови стандарди и е инспирација за идните генерации. Катерина неодамна го доби предметот за битолската „Јавна соба” во кој жена беше изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии за кои преживеа голгота како предмет на јавен потсмев.
Гласањето за жена на годината ќе биде од 5 до 7 март 2024.
Фотографиите и постот се превземени од Europe House Skopje