Катастрофален ден за Ферари во Бразил

о промената на гумите, Ландо Норис го изгуби водството, а Макс Ферстапен сега е прв. Ферари доживува тежок ден на Интерлагос

До крајот на сезоната во Формула 1 остануваат уште четири трки, а денеска на легендарната патека Интерлагос се вози првата од нив – Големата награда на Бразил.

Трката започна со Ландо Норис (McLaren) од пол-позиција. Тој води во генералниот пласман и се обидува да ја зголеми својата предност пред последните три трки од сезоната. Норис доминираше овој викенд во Бразил и победи и во спринт трката.

Неговиот главен конкурент Оскар Пјастри стартуваше од четвртото место, додека Макс Ферстапен разочара во квалификациите и започна од задниот дел на гридот.

Во текот на трката, Норис мораше да ги смени гумите, што му овозможи на Ферстапен да го преземе водството. Во меѓувреме, Ферари доживува тежок ден, со серија технички проблеми и лоши стратегии кои ги оставија нивните возачи далеку од врвот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни