Катастрофа во Колумбија: автобус со матуранти падна во бездна, најмалку 16 загинати

Автобус кој превезувал ученици на матурска екскурзија падна во провалија длабока околу 80 метри во северозападниот дел на Колумбија, при што загинаа најмалку 16 лица, јавуваат медиумите.

Информацијата ја потврди и гувернерот на регионот Антиокија, кој соопшти дека „повеќе од дванаесет лица“ го загубиле животот, додека околу 20 се повредени.

Според медиумските извештаи, учениците од 11. и завршна година се враќале од престој на плажа на карипскиот брег кон градот Бело, во близина на Меделин, кога се случила несреќата. Во автобусот, кој излетал од патот во рурална област недалеку од Сеговиа, се наоѓале околу 40 патници.

Повредените веднаш биле пренесени во болница, а според официјалните податоци, најголемиот дел од нив се на возраст меѓу 16 и 18 години. „Ова е тажен ден за Антиокија“, изјави гувернерот, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Националната агенција за безбедност во сообраќајот започна истрага за да ги утврди причините што довеле до трагичната несреќа.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни