Катастрофа на Суматра: Najмалку 10 загинати, шест исчезнати по разорни поплави и свлечишта

Разорни поплави и свлечишта на индонезискиот остров Суматра усмртија најмалку 10 лица, додека шест се водат како исчезнати. Спасувачите се борат со лошо време и блокирани патишта.

Најмалку 10 лица загинаа, а шест се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа разорни поплави и свлечишта на индонезискиот остров Суматра, соопшти полицијата во средата.

Обилните монсунски дождови што ја погодија областа во изминатата недела предизвикаа излевање на реките и масовни одрони на земјиште, кои разурнаа ридски села и преполовија инфраструктура. Спасувачките тимови се борат да стигнат до најпогодените региони поради кал, одронети патишта и лоши временски услови.

Сиболга – најтешко погодена

Во градот Сиболга, најпогодената област, спасувачите пронајдоа најмалку пет тела и извлекоа тројца повредени жители. Потрагата по уште четворица исчезнати продолжува.

Полицијата соопшти дека 17 куќи и едно кафуле биле целосно уништени откако најмалку шест свлечишта го погодиле ридскиот град.

„Лошите временски услови и калните маси сериозно ја забавија спасувачката операција“, изјави шефот на полицијата во Сиболга, Еди Инганта. Тој додаде дека пристапот до многу населени места е ограничен и дека спасувачите се борат со екстремни услови.

Централен и Јужен Тапанули – огромни штети

Во соседниот округ Централен Тапанули, свлечишта разурнаа повеќе домови, убивајќи четиричлено семејство, а поплави потопија околу 2.000 куќи и објекти.

Во Јужен Тапанули, поплави и паднати дрвја усмртија еден жител и повредија уште еден.

На социјалните мрежи кружат видеа на преплашени жители кои бегаат кон повисоки места додека водата надоаѓа по покривите и улиците се претвораат во бесни поројни реки.

Широки последици и паралелни операции на Јава

Истовремено, Националната агенција за управување со катастрофи објави завршување на 10-дневните спасувачки операции на островот Јава, каде поплави и свлечишта предизвикани од обилни дождови усмртија 38 лица.

Во областите Чилачап и Банджарнегара остануваат исчезнати најмалку 13 луѓе, но операциите беа прекинати поради нестабилно тло и опасни услови кои го загрозуваат животот на спасувачите.

Индонезија – земја под постојан ризик

Сезонските дождови од октомври до март често носат масовни поплави и свлечишта во Индонезија, архипелаг од над 17.500 острови, каде милиони живеат во ридски региони или покрај плодни, но ризични речни долини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни