Катарина Лука со колекцијата Silent Chains на Модната недела во Скопје

Silent Chains го отелотворува патувањето на ослободување од невидливите стеги што некогаш не кочеле назад

Катарина Лука со нејзиниот моден бренд Кali Rose имааше промоција на колекцијата Silent Chains вчера вечер во склоп на Модната недела во Скопје.
Silent Chains го отелотворува патувањето на ослободување од невидливите стеги што некогаш не кочеле назад. Ја претставува тивката сила која се наоѓа во самољубието и самопочитта, каде вистинското ослободување доаѓа од внатре. Оваа колекција зборува за моќта на прифаќање на внатрешниот мир и издржливост, и убавината на наоѓање слобода преку самозајакнување и раст.


Катарина Лука, е родена во Скопје, но нејзиниот животен пат ја води низ светот. Како модерен номад, таа ги комбинира животните искуства од Индија, Шведска и Германија, создавајќи уникатен и глобален поглед на модата. Иако дипломирала на полето на комуникациите и медиумите, нејзината вистинска страст е модниот дизајн. Од мала ја следи својата љубов кон цртањето и дизајнот и нејзината креативност и упорност ја доведоа до врвот на модната сцена.

Нејзиниот моден бренд, Kali Rose, деновиве го прослави својот седми роденден со уште еден голем успех. Нејзините модели ќе бидат дел од светската турне на Faithless. Ова е само уште едно од низата признанија на Катарина чии дизајни се појавија во серијата Titans на платформата HBO. Нејзините модни парчиња, препознатливи по својата оригиналност и смелост, исто така се носат на еден од најпознатите фестивали во светот, Burning Man, каде голем број гости избрале да ги облечат нејзините креации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни