Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка

Катарските власти привремено го суспендираа воздушниот сообраќај низ целата земја, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи, откако Иран се закани со одмазда за американските напади врз неговите нуклеарни постројки.

„Надлежните органи објавуваат привремено суспендирање на воздушниот сообраќај во воздушниот простор на земјата, како дел од низа мерки на претпазливост преземени врз основа на развојот на настаните во регионот“, соопшти МНР на Катар.
Во Катар е најголемата база на САД во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни