Каска имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики

Заостанува имплементацијата на Законот за младинско учество и младински покитики, велат од Националниот младински совет на Македонија во нивниот Мониторинг извештај за имплементацијата на законот.
Фото: United Nations/Flickr

Според извештајот, еден од најголемите предизвици е формирањето на канцеларија за млади, бидејќи само една опшита има правилно формирано ваква канцеларија, како место каде младите лица од општината ќе можат да се обратат и да се информираат во врска со прашања поврзани со младите, кои се во надлежност на општината, пренесе „Мета.мк“.

Слабости се забележуваат на општинско ниво, каде што голем дел од механизмите кои ги пропишува законот не се имплементирани.  Од сите законски предвидени механизми, извештајот покажува дека 42 отсто од општините успешно формирале Локални младински совети, кои се клучен механизам за младинско учество на локално ниво.

Досега постојат само 10 функционални младински центри а 80 отсто од општините ја исполниле обврската за именување на службеник за млади.

На национално ниво пак, Националното собрание за млади и Националното советодавно тело за младински политики сѐ уште не се формирани.

Кога станува збор за финансирањето на предвидените механизми на локално ниво, врз основа на добиените податоци, заклучокот е дека во 2023 година само 18 општини (22 отсто) изјавиле дека во 2023 година имаат доделено средства за сервисите за млади кои се предвидени во законот.

Во однос на податоците за тоа дали и колку општината има планирано финансиска поддршка за млади, во буџетот за 2024 година, може да се заклучи дека голем број од општините истакнуваат дека имаат планирано средства, но само 32 од нив имаат наведено износ за тие планирани средства.

Мониторинг извештајот за имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики го изработи Националниот младински совет на Македонија, во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, СФЕРА Интернешнал и Youth Empowerment Platform – YEP, во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Извор: Мета.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни