Карпош денес без вода поради дефект на водоводот

Дел од Карпош денес ќе остане без вода поради дефект на водоводната мрежа. Прекинот започнува во 09:00 и ќе трае до завршување на санацијата, советува ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Дел од Општина Карпош денесќе остане без вода поради дефект на водоводна мрежа (ф-100 мм) на крстосницата Његошева/Софиска.

Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата. Без вода ќе бидат корисниците на улиците: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.

ЈП Водовод и канализација – Скопје советува домаќинствата и дуќаните во реонот да обезбедат доволно вода за основни потреби и да избегнуваат користење на уреди што зависат од стабилен притисок (бојлери, машини) додека трае дефектот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни