Каролина Гочева со нова песна и спот наменети за целиот регион – ,,Дај на сунце”

Авалон продукција со задоволство ви го претставува новиот проект на Каролина Гочева, песната ,,Дај на сунце’’, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет.

Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како ,,Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.

Најново

Последни колумни