Каролина Гочева оди на турнеја низ Германија

Популарната македонска пејачка Каролина Гочева следниот месец оди на голема германска турнеја, при што се очекува дека ќе настапи во шест германски градови.

Каролина со својот бенд ќе одржат 120-минутни „Best of“ концерти во Штутгарт, Нирнберг, Дизелдорф, Мајнц, Хамбург и Берлин.

Билетите за концертите чинат 39 евра и се пуштени во претпродажба на TicketX, а доколку останат слободни места, на денот на концертот ќе се продаваат на билетарниците во секој од градовите по цена од 49 евра.

Концертите се закажани од 23 ноември до 16 декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни