Карлеуша најави кандидатура за претседател: Ќе укинам историја и ќе го обединам Балканот

Српската пејачка Јелена Карлеуша ја изненади јавноста, со изјава која предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Фото: Instagram/karleusastar

Имено, Јелена откри дека планира да се кандидира за претседателка на Србија по завршувањето на мандатот на Александар Вучиќ и јасно истакна дека има амбиција да ја преземе оваа важна функција.

„По завршувањето на мандатот на претседателот Александар Вучиќ (иако мислам дека тој ја заслужува доживотна функцијата претседател), планирам да се кандидирам за претседател на Србија“ – напиша Јелена во својата објава.

„И јас ќе победам“ додаде таа.

Потоа пејачката споделуваше информации „од нејзината кампања“, истакнувајќи одредени политики за кои би се залагала. Таа нагласи дека сака значајни општествени промени.

Една од нејзините идеи е укинување на предметот историја од училиштата, бидејќи децата не требало да учат за војни и крвопролевање и наместо тоа би вовела нови предмети – иднина и толеранција.

Освен за внатрешното уредување и образованието, Карлеуша има идеи и за регионалната соработка и надворешната политика.

„Второ нешто што ќе направам како претседател е создавање на Балканска унија. Економско обединување на народите од Балканот“ додаде пејачката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни