Кардиолозите тврдат дека постковид синдромот е распаѓање на сите системи во телото 

Concept of fear of coronavirus. Woman covers her face her hands on background with coronavirus.

Иако пандемијата на коронавирус на глобално ниво го забави растот, многу пациенти сè уште ги чувствуваат последиците кои не завршуваат со исчезнување на самиот вирус. Пост-Ковид синдромот, кој вклучува широк спектар на симптоми со долготрајни и тешки последици доколку не се лекува, станува сериозен медицински предизвик, дури и за самите лекари кои често не го препознаваат. 

Пост – ковид синдромот беше и темата на Вториот меѓународен симпозиум „Пост-Ковид синдром и синдром на хроничен замор“, кој се одржа во Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, во Белград, на кој лекарите и пациентите од цела Европа, добија можност за едукација. 

Експертите по неврологија на симпзиумот во Белград, посочија дека кај пост-ковид синдромот, првиот знак е хроничен замор кој не исчезнува ниту после три месеци од болеста. 

„Пациентите пријавуваат пад на енергијата при физички напор, нарушувања на спиењето, како и когнитивни тешкотии – намалување на интелектуалните способности, проблеми со меморијата и концентрацијата, „магла во главата“. Исто така, често се јавуваат и ортостатски нарушувања како вртоглавица, многу од нив дури и губат свест“, рекоа лекарите. 

На Вториот меѓународен симпозиум „Пост-Ковид синдром и синдром на хроничен замор“ на кој учествуваа светските експерти кој беше директно следен  од 19 земји од Европската Унија, меѓу другото беше заклученот дека синдромот пост – ковид, е сериозна состојба, која се споредува и со тежината на онколошките болести или со СИДА-та, и бара внимание и соодветен третман. 

„Како што тешкотиите стануваат поинтензивни и не исчезнуваат, пациентите почнуваат да сфаќаат дека нешто им се случува, дека не се опоравиле целосно и се обраќаат на лекар. Синдромот идиопатски постсвирусен замор, може да прерасне во сериозна болест позната како синдром на хроничен замор или мијалгичен енцефаломиелитис“.

Кардиолозите објаснуваат дека оваа болест има четири степени. Првата фаза е кога ги имате сите наведени симптоми, додека втората фаза е кога пациентот повеќе не може да издржи физички напор. Не може ни да работи и обично овие пациенти ја напуштаат работата затоа што не можат да работат осум часа. Третиот степен е веќе тежок облик на болеста, кога не можат да излезат од дома, а четвртиот кога се врзани за кревет. А тоа се најчесто млади луѓе, практично стануваат инвалиди без значителни промени при дијагностички тестови. 

Покрај тоа, многу пациенти развиваат анксиозност и депресија, што може да доведе до погрешно проценување дека проблемот е од психолошка природа. Затоа се погрешно сфатени, дури и од лекарите. Сепак, главната причина е сериозно оштетување на митохондриите, органелите што произведуваат енергија. 

„Ова доведува до дефекти во работата на сите системи во телото, затоа имаме толку различни симптоми. Имунитетот на пациентите се намалува, често се чувствуваат како да имаат грип постојано и стануваат подложни на разни инфекции. Станува збор за сериозна состојба, на исто ниво со тешките онколошки заболувања или СИДА, и бара внимание и адекватен третман“, предупредуваат лекарите. 

Технички, пост-ковид синдромот вклучува спектар на симптоми кои може да се наречат поблага форма на болеста, односно тој е наведен прв степен. Но, кога поплаките ќе се влошат до тој степен што пациентот повеќе не може да работи или да врши секојдневни активности, тогаш се упатува на друга болест – синдром на хроничен замор. 

„Доколку веднаш реагирате и започнете со терапија, можно е да се постигне значителен ефект веќе по три до шест месеци од третманот, па пациентите да станат функционални. Меѓутоа, проблемот настанува кога ќе се изгуби драгоценото време – пациентите често талкаат од лекар до лекар, болеста напредува и тогаш му треба многу повеќе време на човекот да се врати во функционална состојба“.

Секој замор кој трае подолго од три месеци по заразувањето со вирусот бара итен одговор и медицинска помош. Ова е клучот за успешно лекување, нагласува докторот. 

Третманот на овој синдром е исклучително сложен, бидејќи науката дури неодамна почна посериозно да се занимава со овој проблем. Важно е да се третираат сите телесни системи, имајќи предвид дека доаѓа до нивно распаѓање. 

Сепак, најтешка е ситуацијата кај младите. Луѓето на возраст од 25 до 30 години одеднаш стануваат инвалиди, што повлекува сериозни социјални и психолошки последици. Докторот наведува дека бројките се огромни и дека се соочуваме со епидемија на оваа болест на глобално ниво.

Доколку симптомите траат подолго од три месеци по корона, потребно е веднаш да се јавите на лекар. Прво, треба да го посетите избраниот општ лекар, а потоа и специјалист кој ќе спроведе дополнителна дијагностика. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни