Кардиолозите тврдат дека едно овошје може да го подобри здравјето на срцето

Луѓето кои јадат барем два оброка со авокадо неделно, што е приближно еден цел авокадо, имаат намален ризик од кардиоваскуларни болести за 16% и од коронарна болест на срцето за 21%

Сите овошја се добри за здравјето на срцето, но истражувањата ја истакнуваат авокадото како посебно корисна намирница. Студија објавена минатата година покажала дека луѓето кои редовно јадат авокадо, имаат пониски нивоа на холестерол и помал ризик од кардиоваскуларни болести.

„Луѓето кои јадат барем два оброка со авокадо неделно, што е приближно еден цел авокадо, имаат намален ризик од кардиоваскуларни болести за 16% и од коронарна болест на срцето за 21%“, објаснува кардиологот д-р. Ентони Алтобели III за Parade.

Авокадото содржи антиоксиданси кои помагаат во намалување на воспаленијата, што дополнително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

„Заедно со антиоксидансите, авокадото содржи лутеин и калиум, кои исто така придонесуваат за здравјето на срцето“, напоменува д-р Алтобели. Додавањето авокадо во секојдневната исхрана или барем неколку пати неделно може значително да го подобри здравјето на срцето.

Иако авокадото е исклучително здраво, стручњаците нагласуваат важноста на разноврсната исхрана. „Покрај авокадото, оревите, маслиновото масло и масната риба како што е лососот исто така содржат корисни незаситени масти и хранливи материи“. Додавањето авокадо во исхраната може да биде одличен почеток, но клучно е да се комбинира со други хранливи намирници за оптимално здравје на срцето.

Еден од факторите зошто авокадото е толку корисно за срцето е високото присуство на незаситени масти. „Незаситените масти, вклучувајќи моно- и полинезаситени, можат да го подобрат нивото на холестерол и да ги намалат воспаленијата“, вели диететичарката Мишел Рутенштајн. За разлика од заситените масти, кои го зголемуваат LDL (“лошиот”) холестерол, незаситените масти помагаат во одржување на здравјето на крвните садови, намалувајќи го ризикот од срцеви и мозочни удари.

Авокадото исто така е богато со влакна, што е уште еден од факторите за неговиот позитивен ефект на здравјето на срцето. Кардиологот д-р. Шарајн Марк објаснува дека авокадото содржи околу 80% влакна, кои не само што го подобруваат здравјето на цревата, туку и ги намалуваат нивото на холестерол.

„Растворливите влакна се врзуваат за холестеролот во дигестивниот систем, спречувајќи негово влегување во крвотокот“, додава д-р Алтобели, истакнувајќи дека влакната исто така помагаат во регулирање на шеќерот во крвта и одржување на здрава телесна тежина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни