Појадокот е оброк кој многу лекари, диететичари и нутриционисти препорачуваат да не се избегнува поради повеќе причини, од кои една е одржувањето на крвниот притисок во нормални граници. Исхраната може да влијае на многу работи кога се во прашање здравјето, а група кардиолози откриле зошто е тоа важно и кои намирници треба да ги консумирате ако сакате да го намалите крвниот притисок.
„Веруваме дека нутритивно богат појадок го подобрува здравјето на срцето, вклучувајќи ја регулацијата на крвниот притисок, преку неколку механизми“, велат кардиолозите.
Според нив, појадокот помага во регулирањето на контролата на шеќерот во крвта и спречува прејадување подоцна во текот на денот.
„Така што веруваме дека појадокот спречува пораст на нивоата на хормонот на стрес, што може да го зголеми крвниот притисок“, сметаат лекарите.
Покрај намирниците кои ги јадеме за појадок, исто така е важно и времето кога тоа го правиме. Времето за појадок е важно бидејќи е „усогласено со природните ритмови на телото, познати како циркадијални ритмови, кои го регулираат крвниот притисок и метаболизмот“.
Кое е најдобро време за појадок ако сакате да го намалите крвниот притисок?
Повеќето кардиолози препорачуваат да се појадува во рок од еден до два часа по будењето.
„За да го одржите здравиот крвен притисок и исхраната, важно е да го започнете денот на правилен начин. Појадокот во рок од еден до два часа по будењето може да го подеси нутритивниот тон за остатокот од денот“, објаснуваат кардиологозите.
Друг кардиолог додава дека времето за појадок не е толку поврзано со одреден дел од денот колку со вашиот личен ритам по будењето.
Иако консистентноста во времето за појадок може да изгледа како непотребна посветеност, разбирането на причината зад оваа препорака може да ве мотивира да размислувате поинаку.
„Дневните метаболички ритмови на телото ги управува внатрешниот часовник, на кој влијаат времето на оброците. Промените во уобичаеното време на оброците, како што е прескокнувањето оброци или јадење во времето предвидено за спиење, може да влијаат на развојот на кардиометаболички болести“, тврдат лекарите.
Предлози на кардиолозите за нутритивно богат појадок
Консумирањето храна не е важно само за здравјето на срцето и крвниот притисок, таа влијае и на енергијата, расположението, проактивноста и други фактори. Токму затоа е важно, покрај времето кога појадувате, да јадете и намирници кои ќе влијаат позитивно на вас.
Лекарите препорачуваат за појадок комбинирате храна богата со магнезиум (овошје и зеленчук), калиум (овошје и зеленчук), протеини (јајца), здрави масти (авокадо и ореви) и влакна (зеленчук), пренесува Parade. Исто така советуваат да се избегнуваат едноставни јаглени хидрати (како засладени житарици) и храна богата со натриум.
Американското здружение за срце препорачува ограничување на дневниот внес на сол на 2.300 милиграми, а идеално би било 1.500 милиграми, за подобар крвен притисок.