Кардиологија и кардиохирургија под еден покрив: Владата формира единствен центар за срце

Целта на интеграцијата е поголема ефикасност и подобра координација во третманот на пациентите со срцеви заболувања, преку рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси на двете установи.

Владата на Република Северна Македонија на последната седница одржана на 24 февруари 2026 година донесе одлука за спојување на Клиниката за кардиологија и Државната клиника за кардиохирургија, со што се формира единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна медицина.

Целта на интеграцијата е поголема ефикасност и подобра координација во третманот на пациентите со срцеви заболувања, преку рационално искористување на човечките, просторните и технолошките ресурси на двете установи.

Министерот за здравство, Азир Алиу, појасни дека спојувањето овозможува континуитет на дијагностичко-терапевтскиот процес – од превенција и дијагностика до интервентен и хируршки третман.

„Со укинување на административните дупликати и оптимизација на организациската структура, создадаваме предуслови за заштеда на средства кои ќе се реинвестираат во модернизација на медицинската опрема, подобрување на квалитетот на услугите и едукација на кадарот“, истакна Алиу.

Спојувањето ќе овозможи подобра искористеност на капацитетите, поголем број интервенции и интеграција на лабораториските, стерилизациските и операционите служби. Пациентите ќе добиваат комплетна кардиолошка и кардиохируршка грижа во рамки на една институција, без административни пречки и трансфери, што значи поголема достапност и континуитет на здравствените услуги.

Дополнително, новиот центар ќе придонесе за развој на едукацијата и научно-истражувачката дејност, со создавање академски амбиент за обука на специјализанти и супспецијализанти, како и за развој на научни програми во кардиоваскуларната медицина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни