Тој се смета за еден од главните ризик-фактори за срцев и мозочен удар, заболувања на бубрезите, когнитивно опаѓање и деменција. Најчесто, лекарите препорачуваат промени во животниот стил – поздрав начин на исхрана и повеќе физичка активност.
Добрата вест е што постојат намирници кои можат да помогнат во регулирањето на притисокот – а една од нив речиси сигурно веќе ја имате во кујната.
Најдобрата ужинка за притисок
Станува збор за незасолени јаткасти плодови. Иако солените варијанти се попривлечни, токму незасолените се најдобриот избор ако сакате да внимавате на крвниот притисок.
„Мала количина ореви, бадеми или ф’стаци дневно може потенцијално да помогне во намалување на крвниот притисок,“ објаснува кардиологот и доцент по медицина д-р Џојс Оен-Хсиао. „Овие јатки содржат L-аргинин, аминокиселина која помага во создавање на азотен оксид, што ги шири артериите и може да го намали притисокот.“
Сепак, лекарите предупредуваат на умереност: јатките се богати со масти, особено ф’стаците, па затоа е важно да се јадат во ограничени порции.
Други корисни намирници
Покрај јатките, корисни за одржување здрав крвен притисок се и свежото овошје и зеленчук, особено бобинки, банани и зеленчук. Добри опции се и јогурт со низок процент на масленост или хумус со зеленчук – богати со влакна, калиум и антиоксиданси.
Три клучни навики за стабилен притисок
Кардиолозите препорачуваат:
- редовна физичка активност,
- намалување на внесот на сол,
- редовна контрола на крвниот притисок.
Кога да посетите лекар?
Стручњаците советуваат да се побара медицинска помош доколку се појават симптоми како вртоглавица, главоболка, отежнато дишење или болка во градите. „Ако крвниот притисок е постојано над 140/85, неопходно е веднаш да се консултирате со лекар,“ нагласува д-р Оен-Хсиао.
Извор: Index.hr