Токму затоа, кардиохирургот д-р Џереми Лондон, кој е активен и на социјалните мрежи, реши да потсети на што треба да внимаваме.
Како што често се случува, на неговата листа се најдоа токму работите во кои многумина најмногу уживаат. Сепак, пораката е јасна: вреди да се слушне што има да каже еден здравствен експерт.

Брза храна
„Поголемиот дел од она што се нуди во синџирите за брза храна е ‘прехранбен производ’, но тоа не е вистинска храна“, предупредува кардиохирургот.
Иако повеќето луѓе се свесни дека брзата храна не е здрав избор, во динамичното секојдневие често се посегнува по лесно и брзо решение. Д-р Лондон истакнува дека повремена консумација веројатно нема да направи сериозна штета, но ваквата храна не смее да биде основа на исхраната.

Газирани пијалаци
Веднаш по брзата храна, на листата се најдоа и газираните пијалаци. Д-р Лондон ги нарекува „течна смрт“, нагласувајќи дека тоа важи и за обичните и за диеталните верзии.
Овие пијалаци најчесто содржат огромни количини шеќер, а дури и кога го нема, присутни се вештачки засладувачи, за кои во некои земји веќе се издадени и здравствени предупредувања.

Млечни производи
Со оглед на тоа што сирењата, чоколадите и празничните колачи се неизбежен дел од трпезата, овој совет ќе биде најтешко да се прифати. Сепак, кардиохирургот е дециден:
„Ние сме единствените цицачи кои пијат млеко и по доенечката возраст, и тоа млеко од друга животинска врста. Размислете за тоа“, порачува тој.

Алкохол
Овој избор, како што вели докторот, не е изненадување. Алкохолот, според него, е „апсолутно токсичен за секоја клетка во нашето тело“.
Тој предупредува дека дури и умерената или повремената консумација на алкохол на долг рок има штетно влијание и апелира луѓето „да престанат активно да го трујат своето тело“. Сепак, признава дека во празничниот период ова ќе биде особено тешко да се спроведе.
Пораката на д-р Лондон е јасна: празниците не мора да значат откажување од уживањето, но умереноста и свесниот избор можат да направат голема разлика за здравјето.
Извор: Index.hr
