„Некои го гледаа и во кино“, рекол изворот, додавајќи дека филмот на режисерот Едвард Бергер се смета за исклучително точен дури и меѓу кардиналите, па затоа се користи како корисен истражувачки материјал – особено сега, кога многумина учесници немаат претходно искуство со ватиканската политика и протоколите.
Поголемиот дел од кардиналите што се најдоа во Рим по смртта на папата Франциск биле именувани токму од него и никогаш претходно не учествувале во конклава.
Филмот беше објавен четири месеци пред смртта на папата Франциск на 21 април.
Конклавата за избор на 267. поглавар на Римокатоличката црква започнува денес во Ватикан. Вчера, 133 кардинали избирачи се сместија во резиденцијата Санта Марта.
Папата Франциск беше избран на конклавата во 2013 година по два дена гласање. Почина на 21 април 2025 година, на 89-годишна возраст, и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.