Карбонските влакна ќе бидат забранети во Европа до 2029 година

Во 2024 година, пазарот на карбонски влакна вредеше 5,5 милијарди долари, што покажува колку е оваа одлука економски чувствителна.

Европската Унија планира да ги забрани карбонските влакна до 2029 година, прогласувајќи ги за потенцијално опасен материјал, што може сериозно даго загрози производството на спортски и електрични возила.

Оваа иницијатива доаѓа преку измена на Директивата за возила на крајот од животниот век (End-of-Life Vehicles Directive), чија цел е подобра рециклажа и заштита на здравјето и животната средина.

Според европските регулатори, карбонските влакна можат да бидат штетни ако се ослободат во воздухот и дојдат во допир со кожата или се вдишат. Иако сè уште не се класифицирани како канцерогени, превентивниот пристап на ЕУ бара нивно постепено повлекување.

Кого ќе погоди забраната?

Пред се авто-индустријата, која користи околу 20% од светското производство на карбонски влакна, потоа производители на спортски автомобили (Ferrari, Lamborghini, McLaren), производители на електрични возила: Tesla, BMW, Lucid, Hyundai и авио-индустријата, која исто така широко ги користи

Европа е втор најголем светски пазар за карбонски влакна, па не е изненадување што јапонските компании како Teijin, Toray и Mitsubishi Chemical – кои контролираат над 50% од глобалниот пазар – веќе забележаа пад на акциите.

Се очекува силен отпор од индустријата, особено затоа што карбонските влакна се критични за ефикасност, тежина и издржливост во многу напредни возила.

Во 2024 година, пазарот на карбонски влакна вредеше 5,5 милијарди долари, што покажува колку е оваа одлука економски чувствителна.

Ако оваа забрана помине: Европа може да изгуби конкурентност во EV и авио индустријата, Кина и САД би можеле да го преземат водството во производство и производители можеби ќе се преселат во региони без вакви ограничувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни