Недостатокот на топлина и љубов може да остави длабока трага, но тоа не значи дека таквите луѓе не можат да ги надминат овие предизвици. Многумина успеваат да развијат емоционална отпорност и да градат среќен живот и покрај предизвикувачките почетоци.
Сепак, постојат одредени особини кои се вообичаени кај луѓето кои пораснале без многу нежност и топлина. Советникот издвои неколку.
Тешкотии со воспоставување врски
„Луѓето се општествени суштества кои копнеат за поврзување, но оние кои пораснале со малку топлина може да имаат потешкотии да формираат емоционални врски“. Тоа е како да се обидуваат да зборуваат јазик што никогаш не го научиле. Тоа не значи дека не сакаат поврзување, но често им недостасуваат алатки и искуство“, објаснува советничката за семејство и брак, ТинаФеј за Hack Spirit.
Со трпение и поддршка, многумина успеваат да развијат длабоки и значајни односи, додава советникот.
Интензивна потреба за независност
Луѓето кои пораснале без емоционална поддршка често развиваат силно чувство на независност, што е како инстинкт за преживување.
Феј истакнува: „Со потпирањето единствено на себе, таквите поединци изградуваат издржливост и самодоверба. Сепак, оваа особина може да го отежне прифаќањето помош и отворањето кон другите, што бара свесен напор да се најде рамнотежа помеѓу независноста и довербата во луѓето“.
Чувствителност на отфрлање
„Отфрлањето е дел од животот, но за луѓето кои пораснале без љубов, тоа може да биде исклучително болно.“
„Таквите личности често очекуваат отфрлање дури и во неутрални ситуации, што може да активира делови од мозокот, како и физичка болка. Ова не е претерана реакција, туку длабоко вкоренет механизам развиен во текот на годините на формирање“, забележува советничката.
Исклучителна независност
Многумина кои немале емоционална поддршка во детството се потпираат само на себе. Ова може да доведе до исклучителна издржливост, но и до изолација и недоверба кон другите.
„Оваа стратегија, која била корисна во детството, може да биде помалку функционална во зрелоста и бара свесна адаптација. Разбирањето на овие знаци не е само алатка за подобро разбирање себеси или другите, туку и можност да се развие емпатија и поддршка за оние кои можеби сè уште носат траги од своето детство“, заклучи Феј.