Канје Вест призна дека сексуално го злоставувал неговиот 6-годишен братучед

Канје Вест повторно шокираше со објава на социјалните мрежи. На X објави клип од својата нова песна Cousins, во која откри дека имал интимна врска со свој братучед, кој тогаш имал шест години.
Фото: Jason Persse, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

„Песната е за мојот братучед кој е во затвор за убиство на трудница откако му реков дека повеќе нема да гледаме порно списанија заедно“, напиша тој покрај клипот.

„Можеби во мојата себичност сфатив дека е моја вина што му ги покажав тие списанија кога имаше 6 години, а потоа го одглумивме она што го видовме. Татко ми имаше списанија Плејбој, но оние што ги најдов во плакарот на мајка ми беа поинакви. Јас се викам Је и му давав орален секс на братучед ми до 14 години”, додал тој.

Неговите следбеници го изразија своето згрозување во коментарите. „Дали само призна дека си имал секс со братучед ти?“, „Ова е одвратно, не требаше да го знаеме тоа“, „Зошто ни го кажуваш ова?“, „Премногу информации, Да. Некои работи подобро чувајте ги за себе“, напишаа тие.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни