Адидас постигна вонсудска спогодба со Канје Вест – познат како Је – ставајќи крај на сите правни постапки меѓу нив.
Во последните две години, Адидас и Вест беа вмешани во повеќе судски процеси, откако германскиот производител го прекина партнерството со раперот поради антисемитските коментари што ги даде во 2022 година.
Огромен број на патики од популарниот бренд „Yeezy“ на Вест останаа непродадени по завршувањето на партнерството.
Извршниот директор на Адидас, Бјорн Гулден, изјави: „Нема повеќе отворени тужења, ниту парични соработки, двете страни тргнавме по различни патишта“.
Тој одби да даде повеќе информации за договорот.