Кандидат на владејачката партија на претседателските избори во Грузија е поранешен фудбалер

Владеачката партија во Грузија го избра поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили за претседателски кандидат, објави на денешниот брифинг претседателот на Грузискиот сон, Бидзина Иванишвили.

-Нема сомнеж дека тој нема да биде во служба на странски сили, туку во служба на грузиската држава. Сигурен сум дека Михаил Кавелашвили целосно ќе го врати привремено украденото достоинство на претседателскиот институт, рече Иванишвили, најбогатиот Грузиец и личност која опозицијата и критичарите ја обвинуваат за одвраќање на земјата од ЕУ кон Русија.

Откако го напушти Грузискиот сон во 2022 година за да ја основа својата десничарска евроскептична партија Народна моќ, Кавелашвили не е новодојденец во политиката. Во текот на својата фудбалска кариера играше за грузиската репрезентација Динамо Тбилиси и накратко за Манчестер Сити во средината на 1990-тите.

Грузија е потресена од протести по спорните парламентарни избори на 26 октомври на кои владејачката партија извојува убедлива победа. Зурабишвили, опозициските партии и независните набљудувачи велат дека изборите биле наместени. Претседателските избори треба да се одржат на 14 декември.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни