Канаѓанец истовремено шетал 38 кучиња

Новиот рекорд за најмногу шетани кучиња во исто време го постави Мичел Руди, кој испешачил еден километар со 38 кучиња.
Фото: Гинисова книга на рекорди

Канаѓанецот рекордот го соборил со кучиња од шелтер кој спасува кучиња од Јужна Кореја и им наоѓа домови во САД.

„Сите овие кучиња се одлични животни и заслужуваат дом и им треба љубов“ вели Руди.

Руди за соборување на рекордот успеал да прошета 38 кучиња цел километар, со надеж дека ќе го привлече вниманието на нив со цел полесно и побрзо да најдат дом.

Помеѓу правилата на Гинисовата книга на рекорди е дека кучињата треба да се шетаат еден километар и дека сите мора да останат врзани од почетокот до крајот, нешто што на Руди му успеало.

Претходниот рекорд изнесувал 36 кучиња и бил поставен од Австралијанка во 2018 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни