Канада на избори: Ги чека ли Канаѓаните по хаотичната кампања најголем пресврт во историјата на изборите?

Канадскиот премиер Марк Карни се наметна како фаворит на парламентарните избори, успешно убедувајќи ја јавноста дека најдобро може да се спротивстави на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп. Победата на Либералната партија на Карни во понеделник ќе биде еден од најдраматичните пресврти во канадската политичка историја.​

Кога поранешниот премиер Џастин Трудо најави дека ќе поднесе оставка на 6 јануари, неговите либерали заостануваа зад конзервативците за повеќе од 20 поени во повеќето анкети, а сè укажуваше на тоа дека лидерот на конзервативците, Пјер Поилиевр, ќе биде следниот канадски премиер. Но, во неделите по тоа, Трамп воведе низа строги царински политики кон Канадата и повеќепати зборуваше за присоединување на Канадата кон САД.​

Канаѓаните, огорчени од овие потези, почнаа да свират за време на американската химна на спортски настани и да ги откажуваат планираните патувања во САД.​

Кога Карни на 14 март го замени сè помалку популарниот Трудо, неговата агенда беше директно насочена кон заканите на Трамп.​

Тој, шездесетгодишник кој никогаш не обавувал политичка функција, но бил гувернер на Централната банка на Канада и Велика Британија, тврди дека неговото глобално финансиско искуство го прави идеален кандидат за одбрана на Канада од нестабилната трговска политика на Трамп.​

Актуелниот премиер последниот ден од кампањата го помина во клучната провинција Онтарио, посетувајќи заедници во близина на Торонто кои претходно политички се движеле помеѓу либералите и конзервативците. „Трговскиот конфликт на претседателот Трамп буквално го уништи глобалното стопанство, а тој ја изневери Канада“, рече Карни на собирот во Мисисауга, град западно од Торонто.​

„Канаѓаните го преболеле шокот од таа изневереност, но никогаш не треба да ги заборавиме лекциите“, додаде тој пред да ги насочи своите напади кон Поилиевр, за кого тврди дека нема искуство и економска остроумност да управува со државата за време на трговски конфликт.​

„Не ни треба хаос, ни треба смиреност. Не ни треба гнев, ни треба возрасна личност“, рече Карни.​

Анкетите предвидуваат либерална влада, но трката e неизвесна во последните денови.​

Агенцијата за јавно мислење на јавната телевизија CBC во различни моменти им давала предност на либералите на национално ниво од седум до осум поени, за во саботата поддршката за либералите да биде проценета на 42,5 проценти, а за конзервативците на 38,7 проценти.​

Клучен фактор кој може да им помогне на либералите е падот на бројот на гласови за левичарите Новата демократска партија и сепаратистите Квебечкиот блок.​

На претходните избори, поголемата поддршка за овие партии го намали бројот на освоени места за либералите во клучните провинции Британска Колумбија, Онтарио и Квебек. Рекордни 7,3 милиони од 28,9 милиони канадски избирачи гласаа предвремено за време на велигденскиот викенд

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни