Канада: Илјадници евакуирани од Манитоба поради пожари

Премиерот на покраината Манитоба изјави дека повеќе од 17.000 луѓе мора да ги напуштат своите домови во најголемата евакуација

Повеќе од 17.000 луѓе од канадската покраина Манитоба беа евакуирани во средата поради шумските пожари што се шират. „Владата на Манитоба прогласи вонредна состојба на целата покраина поради ситуацијата со пожарите“, изјави премиерот на Манитоба, Ваб Кинеу, на прес-конференција.

„Ова е најголемата евакуација што Манитоба ја има доживеано”, додаде тој.

Кинеу изјави дека побарал од премиерот Марк Карни да ја ангажира војската за помош во процесот на евакуација и во гаснењето на пожарите. Според него, воени авиони ќе бидат распоредените „непосредно“ за да помогнат во евакуацијата на жителите на загрозените оддалечени северни заедници.

Меѓу евакуираните е и градот Флин Флон, каде што 5.000 луѓе беа предупредени да се подготват за евакуација поради приближување на пожарот кон рударскиот град, именуван по измислен лик од роман објавен во 1905 година.

Жителите на неколку други оддалечени градови и домородни заедници исто така добиле наредба да се евакуираат на безбедно. Повеќето од евакуираните се очекува да бидат префрлени во главниот град на покраината – Винипег.

На друго место, пожарите во покраината Алберта доведоа до привремено затворање на некои нафтени и гасни постројки, а жителите на барем еден мал град беа принудени да се евакуираат.

Почетокот на мај донесе трагедија кога две лица од малата заедница Лак ду Боне загинаа поради голем шумски пожар североисточно од Винипег.

Најлошата сезона на шумски пожари во историјата на Канада се случи во 2023 година. Во моментов низ земјата беснеат 134 шумски пожари, вклучувајќи ги покраините Британска Колумбија, Алберта, Саскачеван, Манитоба и Онтарио. Половина од нив се сметаат за неконтролирани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни