Search

Канје Вест повторно ќе се кандидира за претседател на САД

Фото: SEBASTIAN SMITH / AFP

Раперот Канје Вест повторно планира да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави. Како што тврди, сите надежи ги полага во сопругата Бјанка Ценсори.

Извор близок до раперот за медиумите изјавил дека Канје сто проценти ќе се кандидира за функција и дека неговата сопруга Бјанка „ќе биде совршена во улогата на прва дама“, пишува The Sun.

„Тој го донесе Дов за да му помогне да го води Yeezy, а Бјанка е одговорна за многу работи за да може да се фокусира на неговата претседателска кампања во 2024 година. Иако минатиот пат не беше успешен, тој се повлече од очите на јавноста и прави многу. Сега е подобро откако заврши неговиот развод со Ким Кардашијан“, рекол изворот.

Во 2020 година, кога Канjе се кандидираше за прв пат, потроши повеќе од 12 милиони долари на својата неуспешна кампања, но тоа очигледно не го спречува да се обиде повторно.

Извор: N1

Најново

Последни колумни