Канје Вест и Бјанка Ценсори на чекор пред развод

Канје Вест и Бјанка Ценсори наводно се на чекор до развод само 11 дена по нејзиното „голо“ појавување на црвениот тепих на Греми наградите.

Се претпоставува дека тие усно се договориле дека таа ќе добие исплата од 5 милиони долари по краткиот брак, кој започна во декември 2022 година.

Извори блиски до раперот потврдија дека брачниот пар раскинале и дека во наредните денови очекуваат законска пријава за прекин на бракот.

Се чини дека 30-годишната Цензори засега престојува во нивната куќа вредна 35 милиони долари во Беверли Парк Норт, Лос Анџелес.

Не се знае каде е Вест, но се претпоставува дека тој може да е моментално во Токио, Јапонија, каде што помина голем дел од минатата година живеејќи во хотел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни