Поранешнито вработен, Марфи Афиционадо, кај контроверзниот рапер Канје Вест, изјави дека работата му била апсолутен „кошмар“ и дека ќе преземе правни мерки против музичарот. Во новата тужба, Марфи Афиционадо, тврди дека Вест упатувал антисемитски навреди кон него и открива дека еднаш раперот напуштил и работен состанок за „да има гласен интимен однос, во соседната соба со неговата сопруга Бјанка Ценсори“.
Според Page Six, кои ја добиле тужбата на увид, контроверзниот 47-годишен рапер го ангажирал Aфиционадо во октомври 2022 година како проект менаџер и го поканил во неговата хотелска соба на „работен состанок“ во ноември. Меѓутоа, кога пристигнал 35-годишникот, Вест му одтворил вратата „без кошула и многу надуен“. “Aфиконадо, влегол во луксузната хотелска соба, но бил изненаден кога го видел Вест со откопчани панталони, а неговата девојка Бјанка Ценсори била топлес која со рацете едвај ги покривала нејзините голи гради. На Aфиконадо веднаш му било јасно дека тие се точно на средина на сексот“, стои во документите.
На Афиционадо му паднало непријатно, и му сугерирал на Вест да се врати подоцна, но раперот наводно му „наредил“ да влезе во собата, на што се согласил поради страв од „експлозивен гнев и агресија“ од шефот.
Ценсори потоа се повлекла во соседната спална соба, но Вест наводно ја држел вратата отворена за да може да го гледа нејзиното голо тело. И тогаш, среде разговор со Aфиционадо, се втурнал во собата на Бјанка, „затворајќи ја вратата, но оставајќи ја само малку отворена“. „За неколку секунди, Афиционадо слушал се од просторијата каде што Вест и Ценсори имале интимен однос“, се наведува во документите.
Откако завршиле, Вест се вратил кај Афиционадо „облечен во маица со свастика“ и наводно го прашал: „Дали ти се допаѓа мојата маица?“ „Потоа, одеднаш и без никакво предупредување, Вест седнал до Афиционадо и му ги покажувал голите фотографии од неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан од неговиот мобилен телефон“, се наведува во тужбата.
Афиционадо, тврди дека Вест го поканил да се врати во хотелот подоцна истата недела и дека повторно се случила слична ситуација. Меѓутоа, овој пат раперот наводно имал интимни односи со масерката, а не со Бјанка Ценсори, со која се оженил во декември 2022 година.
Афиционадо во тужбата навел, дека ваквото искуството го натерало да се чувствува „повреден и обезчовечен“. Тој, ги опишал неговите наводни „антисемитски изјави и заговори“, за кои тврдел дека се „секојдневна појава“.
„Тој често имаше испади за тоа како Евреите ги контролираат Кардашијановите. Друг пат раскажуваше како Евреите сакале да се „докопаат“ до неговите пари“, напишал Афиционадо во тужбата.
Афиционадо, исто така, напишал и дека Кајне Вест, често зборувал и за работи како што се: „Евреите се надвор за да ме фатат“, „Ми ја замрзнаа банкарската сметка“, „Евреите ги одведоа Ким и моите деца“, „Мојата поранешна сопруга има ‘еврејски’ господари“.
Aфициоинадо, открива дека Вест се согласил да му плаќа 125 долари на час, а во текот на 9-те месеци колку што работел за раперот, тој работел и до 70 часа неделно, но „не добивал плата за неговата работа“.
Нивниот работен однос официјално завршил откако Вест „му наредил на Aфиционадо да започне со изградба на негова академија Донда“, наводно „без градежни дозволи“. Кога Aфиционадо се спротивстеавил на тоа, инсистирајќи дека таквата градба може да резултира со „големи казни и потенцијално дури и да ги доведе во опасност учениците од училиштата“, наводно, веднаш бил отпуштен. Aфиционадо сега го тужи познатиот рапер за дискриминација, непријателско работно опкружување, одмазда, кршење на работните услови и неисплата на плати.