Канје Вест обвинет дека дрогирал и силувал асистентка

Поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишота, го тужи раперот дека наводно ја дрогирал и силувал за време на сесија во студио на која присуствувал неодамна уапсениот Пи Диди.
Фото: Jason Persse, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Според Page Six, поранешната асистентка на Канје Вест, Лорен Пишота, во тужбата тврди дека наводно била дрогирана и сексуално нападната додека присуствувала на сесија во студио со нејзиниот поранешен шеф и Пи Диди.

Пишота во тужбата наведува дека за време на сесија во Санта Моника наводно ѝ дале пијалок кој содржел „неидентификувана дрога“. Таа тврди дека Канје нарачал пијалаци, а по неколку голтки „почнала да се чувствува дезориентирана“ и не можела да ги контролира телото и говорот.

Следното утро, таа тврди дека ѝ се слошило и чувствувала „огромен срам“ – но сè уште не ѝ биле јасни сите детали.

Пишота, која го тужеше Вест претходно оваа година за сексуално вознемирување и незаконски отказ, тврдеше дека дознала што се случило тогаш во студиото „многу подоцна“.

Таа тврди дека Канје ѝ признал што се случувала во ноќта кога наводно била дрогана. Таа исто така тврди дека Вест бил оженет во времето кога се случил наводниот напад. Тој и Ким Кардашијан се венчаа во 2014 година, а се разведоа во 2022 година.

Сопругата на Вест, која не беше именувана во тужбата, наводно го обвинила дека имал секс со Пишота, што го натерало да признае што наводно се случило во сесијата во студиото.

„До тој ден, до тој разговор и откривањето на вистинските факти и дејствијата што биле преземени таа вечер, Лорен не знаела ниту мислела дека таа вечер била сексуално нападната, бидејќи мислела само дека била дрогирана од асистент во студио и дека веројатно само се посрамотила со своето однесување“, се вели во тужбата, пренесуваат медиумите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни