Кампањата на Камала Харис нападната од странски хакери

Претседателската кампања на Камала Харис потврди дека биле предупредени од ФБИ дека биле цел на организиран напад од странство, шти повторно го отвора прашањето за странско мешање во изборите во САД.

Ваквата објава доаѓа откако кампањата на Доналд Трамп исто така објави дека биле нападнати со сајбер напад, што според нив доаѓал од Иран.

ФБИ потврди дека ги истражува обидите за хакерски напади на кампањите, а тимот на Харис објави дека презеле мерки за заштита на нивниот систем.

„Имаме цврсти мерки за сајбер-безбедност и не сме свесни за какви било безбедносни нарушувања на нашите системи“, изјавија од тимот на Харис за NBC.

Но, потврдата за предупредувањето од ФБИ ги потсеќа американците на изборите од 2016 година, за кога се верува дека Русија го хакнала емаил системот на Демократската партија за да ја дестабилизира кампањата на Хилари Клинтон и да му помогне на Трамп. Украдените податоци од тој хакерски напад беа предадени на Викиликс и објавени во целост.

Сега, од ФБИ велат дека ги истражуваат наодите за обидите за хакерски напад на кампањите на Бајден и Харис во периодот пред актуелниот претседател Бајден да се откаже од претседателската трка, како и пријавата дека била нападната и кампањата на Трамп.

Тројца членови на тимот на Бајден и Харис добиле фишинг маилови, кои изгледале вистински, но биле дизајнирани да му овозможат пристап на напаѓачот до целиот систем. Не е јасно дали ваквите обиди биле успешни, но според изјавите на тимот на Харис, нивниот систем не бил хакиран.

Од друга страна, американските медиуми објавија минатиот викенд дека добиле автентични податоци украдени од кампањата на Трамп. Според претставник на кампањата на Трамп, нивниот систем бил нападнат в ојуни, но не е јасно дали и како биле украдени податоците.

Од кампањта на Трамп тогаш не пријавиле во ФБИ дека се нападнати, бидејќи биле сомнителни во агенцијата.

Се претпоставува дека обидот за фишинг бил насочен и кон Роџер Стоун, долгогодишен сојузник на Трамп, кој сега е формално поврзан со неговата актуелна претседателска кампања.

„Бев информиран од властите дека неколку мои лични сметки за е-пошта се компромитирани“, изјави Стоун за Вашингтон пост. „Навистина не знам повеќе за тоа. И јас соработувам. Сето тоа е многу чудно“.

Американските разузнавачки претставници минатиот месец изјавија дека Иран се обидува да сее раздор и да ги поткопа обидите на Трамп да се врати во Белата куќа. Иран ги отфрли ваквите обвинувања.

Извор: Гардијан

Најново

Последни колумни