Кампања на Ромалитико за зајакнување н девојчињата

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико во
текот на месец октомври имплементира кампања по повод Меѓународниот ден на
девојчињата – 11ти Октомври насловена “Иднината е ЈАС“. Одбележувањето на овој
датум на глобално ниво служи да не потсети за потребата од зајакнување на девојчиња и
инвестирање во девојчињата и нивната иднина.
Во кампањата се вклучени 11 девојчиња Ромки со различни интереси и таленти. Со оваа
кампања сакаме да влијаеме и на менување на наративите врз Ромите и да презентираме
позитивна слика на млади кои воопшто не се различни од другите млади во нашата
држава.
Следете ја кампањата и дознајте ги нивните таленти и интереси.
Ова кампања е подготвена од страна на Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите со поддршка на
американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Најново

Последни колумни