Камионџиите од Балканот ги прекинаа протестите на границите по ветувања од ЕУ

Возачите на камиони од Западен Балкан ја прекинаа петдневната блокада на граничните премини кон ЕУ, по најавите за олеснување на правилата за нивниот престој.

Петдневната блокада на граничните премини кон Европската унија во земјите од Западен Балкан е завршена, откако возачите на камиони добиле уверувања дека ќе бидат изземени од рестриктивните правила за престој во ЕУ.

Возачите од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, кои на 26 јануари започнаа со блокади, ги прекинаа протестите попладне, откако им беше најавено дека Европската унија ќе ги изземе од примената на правилото според кое во период од шест месеци не смеат да престојуваат повеќе од 90 дена во земјите на ЕУ.

По почетокот на протестите, претставници на владите на овие земји водеа интензивни разговори со Европската комисија, со цел да се најде решение за проблемите со кои се соочуваат возачите.

Блокадата, во која учествуваа и превозници од Црна Гора и Северна Македонија, беше реакција на правилата што го ограничуваа престојот на странските возачи во ЕУ, иако тие низ Унијата поминуваат исклучиво во транзит. Протестите траеја пет дена и, според проценките, секојдневно предизвикуваа штета поголема од 100 милиони евра.

За 3 февруари во Брисел е најавена средба меѓу претставници на властите од Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија со претставници на Европската комисија, на која треба да биде потпишан меморандум за решавање на останатите барања на возачите.

Според информациите на Авто-мото сојузот на БиХ со седиште во Мостар, камионите по 16 часот започнале да се повлекуваат од граничните премини, со што беше ставен крај на регионалната блокада која сериозно го забави товарниот сообраќај меѓу Балканот и Европската унија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни