Откако првите два филма не запознаа со клановите Omatikai и Metkaiin од планетата Пандора, кои се експлоатирани од луѓето за нивните природни ресурси, новиот филм продолжува да ги истражува обичаите на вонземјанската раса Na’vi.
Приказната ќе ги одведе протагонистите Џејк Сали (Сем Вортингтон), Нејтири (Зои Салдана) и нивното семејство на непознати територии каде што ќе запознаат нов клан. Но, за разлика од добронамерниот клан Metkaiin од претходниот филм, кланот Ash ќе биде непријателски настроен.
Камерон во интервју за Empire објасни дека повеќе не сака да ги прикажува луѓето како единствени негативци на Пандора, поради што семејството Сали за прв пат ќе дојде во конфликт со кланот Na’vi. Воинствениот клан Ash е предводен од началникот Варанг, кој го игра ѕвездата на „Игра на тронови“, Уна Чаплин.
Во најновиот „Аватар“ играат Вортингтон, Салдана, Сигурни Вивер, Стивен Ланг, Џовани Рибиси, Кејт Винслет, Дејвид Тјулис, Она Чаплин, Британија Далтон, Џек Чемпион и Бејли Бас.
Новото продолжение на „Аватар“ ќе има премиера на 19 декември.