По повод одбележувањето на 33 годишнината од независноста на Република Македонија, НУ Камерен Оркестар на Битола гостува во Виена со концертот „Македонски евергрини и повеќе“.
Концертот ќе се одржи утре на 09 септември, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црквата Св. Ана.
На концертот ќе настапат добропознатата Ирена Крстеска, која е дел од Штац опера во Виена, џез-поп пејачката Агни Авшар позната на публиката по нејзините енергични настапи, и незаменливиот Ристо Самарџиев. В
Настапот на НУ Камерен Оркестар на Битола во Виена доаѓа кратко по нивниот настап во Рим, оваа година во мај каде Оркестарот беше дел од културната програма на традиционалната манифестација за одбележување на големиот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во сала Балдини.