За време на карневалот во Манхајм, се случи трагедија кога автомобил влета во пешачка зона, оставајќи зад себе ужасни сцени. Според министерот за полиција на покраината Баден-Виртемберг, Томас Штробл, две лица го загубиле животот, додека околу 25 лица се повредени, а три жртви, меѓу кои и едно дете, се уште се во критична состојба.
По инцидентот е уапсен возачот, 40-годишен Германец од Рајнланд-Пфалц. Наводно, при апсењето се застрелал со пиштол при што се здобил со повреди опасни по живот, а има индиции дека имал психички проблеми. Истрагата е во полн ек, а полицијата во моментов утврдува дали се работи за трагична несреќа или намерен терористички чин.
Сцените биле ужасни – сведоците опишуваат хаос и паника, додека делови од тело, па дури и детски чевли биле расфрлани низ улицата.
Како што објавија германските медиуми, но и социјалните мрежи, снимката наводно се појавила моменти пред страшната трагедија во која животот го загубија две лица. Според информациите на „Билд“, добиени од полицијата осомничениот не е поврзан со екстремизам или тероризам, но медиумот објавува дека напаѓачот и претходно имал проблеми со менталното здравје.
Тој денеска околу пладне со својот автомобил влетал во толпата во близина на познатата водена кула во Мајнхајм.