о Велес е во тек поставување на систем за видеонадзор на повеќе локации низ градот, во рамки на проектот „Безбеден град“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за внатрешни работи Велес, се инсталира потребната инфраструктура, вклучувајќи кабли, метални сандачиња, столбови и камери на главните градски улици.
На последна седница на Советот на Општина Велес, претставник на СВР Велес информирал дека системот се очекува да биде функционален до крајот на јули.
Изборот на локациите за поставување на камерите се врши врз основа на безбедносни критериуми. Фокусот е ставен на сообраќајно фреквентни улици, како и на крстосници каде што често се регистрираат прекршоци и сообраќајни инциденти.
Проектот има за цел да придонесе за поголема безбедност на граѓаните и подобра контрола на сообраќајот во градот.