Мастер клас на Јоланта Дилевска

Камерата е метафизички елемент

Дилевска е добитничка на специјалната „Златна камера 300“ на 45. ИФФК „Браќа Манаки“

Полската кинематограферка Јоланта Дилевска, добитничка на специјалната „Златна камера 300“ на 45. ИФФК „Браќа Манаки“, на својот мастер клас зборуваше за својата љубов кон филмот, професионалниот пат и важноста на тимската работа.

Таа ја опиша камерата како метафизички елемент што овозможува „да се запре времето и да се создаде нешто извонредно“.

Дилевска го истакна искуството од снимањето на нејзиното ремек-дело „Во мрак“, каде визуелниот мрак, речиси апсолутен, го доловува ужасот на група Евреи во Втората светска војна.

Таа порача дека тимската доверба е клучна во создавањето на филм и ги советува младите да не се плашат да ризикуваат и да експериментираат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни