Камбанарија на црква стара 700 година е преместена: На местото ќе се издигне 36-катна зграда (ВИДЕО)

Камбанарија на црква стара 700 години е преместена за да се изгради 36-катна зграда. Ќе биде вратена кога ќе бидат завршени подземните катови на комплексот.

Во Лондон се крева камбанаријата на 700-годишна црква за да се направи место за 36-катна кула

Средновековна црковна кула е подигната 14 метри над земјата за да се направи место за канцелариска кула од 60.387 квадратни метри во Лондон Сити.

Тоа е дел од голем градежен проект, а инвеститорите го нарекоа преместувањето на 700-годишната црква „невиден инженерски потфат“.

Имено, на улицата Фенчерч има големо градилиште од 5.574 квадратни метри, како дел од реконструкцијата на зградата, а пред неколку дена беа отстранети повеќе од 125.000 тони земја од под кулата.

Камбанаријата ќе биде вратена на земја кога ќе бидат завршени подземните катови на комплексот. Таму ќе биде изграден нов зелен јавен простор, а црквата ќе биде составен дел од него.

Планирано е работите да бидат завршени во 2028 година.

Градежната фирма „Мултиплекс“ вели дека новата зграда ќе биде еден од облакодери со најмал јаглероден отпечаток и најбиодиверзифицирани во Велика Британија.

36-катната комерцијална зграда, која ќе биде целосно електрична, значително ќе го зголеми биодиверзитетот на градот.

Црквата е една од двете заштитени згради околу кои се спроведува проектот, а другата е криптата на капелата Ламбе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни