Калас: САД остануваат најголем сојузник на ЕУ

„Ако ја погледнете Европа, таа ја потцени сопствената моќ во однос на Русија, треба да сме посамоуверени“, изјави Калас
Фото: European Parliament, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, денес изјави дека САД остануваат најголем сојузник на Европа, откако администрацијата на Трамп во важен стратешки документ изјави дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“ и еден ден би можела да го изгуби статусот на сигурен сојузник.

Новата стратегија за национална безбедност на САД, објавена на веб-страницата на Белата куќа завчера, ја критикува Европската Унија како антидемократска, а Европа како континент на кој му недостасува самодоверба. Целта на САД треба да биде „да ѝ помогнат на Европа да ја поправи својата сегашна траекторија“, се наведува во документот.

„Има многу критики, но мислам дека дел од нив се точни, ако ја погледнете Европа, таа ја потцени сопствената моќ во однос на Русија“, изјави Калас на панел-дискусија на Форумот во Доха во Катар. „Треба да бидеме посигурни“, рече таа.

Таа додаде дека „САД остануваат наш најголем сојузник“. „Мислам дека не секогаш сме се согласувале за некои прашања, но мислам дека општиот принцип сè уште е присутен. Ние сме најголемите сојузници и треба да се држиме заедно“, заклучи Калас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни