Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја Калас изјави дека дипломатијата останува единствениот пат кон трајно решение за тензиите на Блискиот Исток и потенцираше дека ризикот од натамошна ескалација е и натаму „опасно висок“.
– Ставот на ЕУ отсекогаш бил јасен: Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје. Само преку дипломатија може да се стигне до трајно решение, изјави Калас по разговорите со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.