Во рамки на овогодинешната Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP28), беше претставен нов извештај од Конвенцијата за заштита на преселните видови диви животни, во кој се посочува дека климатските промени веќе имаат исклучително негативни ефекти врз многу животни преселници.
Родово нарушување
Повисоките температури и другите климатски услови влијаат едниот пол да се развива повеќе од другиот, што доведува до проблеми со репродукцијата.
Дополнително, климатските промени доведуваат до опаѓање на самата способност и успех на репродукцијата. Променетите временски услови директно влијаат на промените во миграциите.
Бидејќи сè во природата е поврзано, опстанокот на екосистемите чиј составен дел се тие зависи од степенот на загрозеност на овие видови, кои во исто време го ублажуваат влијанието на климатските промени.
Новиот извештај ја нагласува итната потреба од акција за заштита на ранливите миграциски видови и да им се помогне да се прилагодат на климатските промени. Меѓу поважните мерки е добро поврзаната мрежа на заштитени подрачја.
Климатските промени некако првенствено се поврзани со глобалното затоплување, но зголемувањето на температурата не е единствената негативна последица. Други екстремни настани во контекст на променета клима, како што се лизгање на земјиштето, ги загрозуваат живеалиштата на овие видови. Сушите влијаат на губење на достапноста на вода, а со тоа и на исчезнување на мочуриштата и намален проток на реките, што особено влијае на миграцијата на рибите и водните птици. Морските струи исто така се менуваат и тие влијаат не само на морските, туку и на копнените екосистеми.
Како што објаснуваат експертите, губењето на биолошката разновидност и климатските промени меѓусебно се зајакнуваат, поради што ниту еден проблем не може да се реши доколку не се справиме со двата во исто време.
Извор: energetskiportal.rs