Ако мислите дека минатото лето беше жешко, подгответе се. Летото 2026 ветува да биде уште потопло. Метеоролозите излегоа со долгорочна прогноза која не остава многу простор за оптимизам: летото оваа година во Македонија ќе биде значително потопло од просекот со чести и многу изразени топлотни бранови со потекло директно од Африка.
40 степени и повеќе — реалност, не исклучок
Особено во централните и југоисточните предели на земјата, температурите ќе се искачуваат и надминуваат 40 степени. Тоа не се очекува како ретка аномалија туку како честа и повторувачка појава во текот на летните месеци.
Уште позначаен детал е тоа што оваа година се очекуваат почести т.н. тропски ноќи ноќи кога температурата на повеќето места во Македонија нема да паѓа под 20 степени. За оние кои ги памети таквите ноќи, знаат дека тоа е исцрпувачки период без освежување, без починка.
Виновникот: Ел Нињо
Зад сето ова стои климатолошкиот феномен Ел Нињо, кој во текот на летните месеци значително ќе добие на интензитет. Ел Нињо носи зголемена топлина во Европа, на Балканот и секако во Македонија — и оваа 2026 година неговото влијание се очекува да биде особено изразено. Но летото нема да биде само жешко. Ќе биде и пеколно и тоа во буквална смисла.
МЕтеоролозите предупредуваат на почеста појава на суперќелиски бури во Европа и на Балканот. Суперќелиите се најинтензивниот вид на грмежни бури карактеристични по своите вртечки воздушни струи, силни удари на ветер, крупен град и обилни врнежи кои можат да предизвикаат значителна штета.
Повремени силни невремиња и временски непогоди се очекуваат и во Македонија.
Што да очекувате и како да се подготвите?
Долгорочните прогнози никогаш не се апсолутно прецизни, но трендот е јасен. Неколку практични совети за месеците пред нас. Следете ги временските предупредувања редовно, особено во периоди на топлотни бранови. Обезбедете доволно вода и избегнувајте изложување на директна сончева светлина во најжешките часови меѓу 11 и 17 часот. При најави за суперќелиски бури, избегнувајте отворен простор и паркирање под дрва. Постарите лица, децата и лицата со хронични болести се најранлива група — посветете им посебно внимание.