Какви вредни предмети ќе извлекува Колумбија од потонат брод, вредни милијарди долари?

Владата на Колумбија денеска објави дека ќе се обиде да извади на површина предмети и остатоци од потонатиот брод „Сан Хозе“ со вредност еднаква на неколку милијарди евра. Пловилото потонало по поморска битка кај градот Картагена на карипскиот брег во 1708 година.

Колумбискиот министер за култура, Хуан Давид Кореа рече дека првите обиди за извлекување на предметите се предвидени за во април и мај, во зависност од временските услови во Карипското Море. Врз основа на досегашното истражување, се проценува дека потонатиот брод содржи околу 11 милиони златни и сребрени монети, смарагди и многу други вредни предмети од тогашните шпански колонии.

– Ова е археолошко богатство, а не закопано богатство. Ова е можност да станеме земја од првите редови на подводните археолошки истражувања, изјави Кореа по средбата со претседателот Густаво Петра.

Кореа додаде дека сите предмети извлечени од остатоците ќе бидат префрлени на брод на морнарицата за натамошна анализа. Меѓу предметите се пронајдени и бронзени топови, ќерамички и порцелански вазни и оружје.

Потонатиот брод е најден 2015 година со помош на меѓународен тим стручњаци, а точното место на наоѓалиштето е државна тајна.

Во 2018 година, колумбиската Влада се откажа од плановите за извлекување на остатоците поради правен спор со приватна компанија којашто тврдеше дека има ексклузивни права за тоа извлекување, врз основа на договор од 1980-тите со тогашните власти. УНЕСКО во меѓувреме испрати писмо до Владата на Колумбија каде што се изразува загриженост дека извлекувањето на богатството заради продажба, наместо за истражување на неговата историска вредност, ќе предизвика неповратно губење значајно наследство.

Колумбија не е потписничка на Конвенцијата на ОН за правото на морето, со што би се подложила на меѓународните стандарди.

Бродот беше предмет и на меѓународен спор меѓу САД, Колумбија и Шпанија околу тоа која земја ги поседува правата над потонатото богатство.

Извор: naslovi.net

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни