Од Управата за хидрометеоролошки работи ја најавија временската прогноза за следните три дена.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Во Скопје, сончево со маладо умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Во вторник, минимална температура ќе се движи од 9°C до 17°C, а максималната температура од 26°C до 34°C. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во среда, минимална температура ќе се движи од 9°C до 18°C, а максималната температура од 28°C до 36°C. Се очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Временските услови за четврток најавуваат минимална температура од 10°C до 19°C, а максимална температура: 29°C до 37°C. Времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.