За кардиолозите синиот јазик е знак дека пациентот има проблем со циркулацијата, но честопати укажува и на посериозни состојби.
Истражувањата покажуваат дека бојата, обликот и дебелината на јазикот може да откријат голем број здравствени состојби, а сината боја на јазикот е јасен показател за проблеми со срцето.
„Синиот јазик, доколку се забележи кај пациент при физички преглед, не само што укажува на проблем со циркулацијата, туку укажува и на сериозен срцев проблем. Освен синиот јазик и сината уста, секој студент по медицина го учи ова на часовите по интерна медицина за пропедевтика – тоа се нарекува централна цијаноза. Тоа значи дека пациентот има симптоми и знаци на еден вид срцева слабост предизвикана од болести на срцевите залистоци Значи, синиот јазик укажува на проблем со циркулацијата, но зад тој син јазик секогаш може да се крие посериозна болест“ – вели кардиологот, Светислав Малишиќ.
Бојата на јазикот може да не предупреди дека имаме слаба циркулација, проблеми со срцето и други здравствени состојби
Што е централна цијаноза?
Централната цијаноза е генерализирана синкава промена на бојата на телото и видливите мукозни мембрани. Ова вклучува сина боја на усните, не само видливиот дел од усните, туку и внатрешната мукозна мембрана на усните, синкава промена на бојата на непцата, јазикот, образите и другите делови од телото. Во случај на овој тип на цијаноза, важно е веднаш да се побара лекарска помош.
Интересен факт – дијагноза на јазикот во кинеската медицина
Здравствените дијагнози со помош на јазикот долго време се користат од практичарите на традиционалната кинеска медицина (TCM). Според принципите на TCM, самиот јазик се смета за одраз на вашето целокупно здравје.