Младата Лола Јанг со најкул фризурка, без влакна на јазикот, совршена таква каква што е во нејзниот хит „Messy“ ги опишува предизвиците со кои се соочува како 24 годишна девојка. Го боцна центарот на таблата на мисли на огромен број слушатели – како е да се живее во свет каде постојано се очекува нешто од тебе, континуирано вибрира телефонот со нотификации, што носат врските со секогаш незадоволен партнер, како е да бидеш во неколку часовен емоционален ролеркостер и како секогаш да изгледа дека твоите родители се разочарани од тебе. Ваква е широчината и убавината на оваа песна полна со можности да ја доживееме секој онака како што има потреба.
„Listen to me, I took your nice words of advice
About how you think I’m gonna die lucky if I turn thirty-three
Ok, so yeah, I smoke like a chimney
I’m not skinny and I pull a Britney every other week
But cut me some slack, who do you want me to be?“
Во овие стихови е претставена агонијата која се создава во главата од младата Лола која упорно се обидува да се доусоврши за да биде компитабилна. Објаснува какво е чувството постојано да сакаш да направиш промени, кои со сигурност ќе бидат за твое добро по советите на другите, а сепак е невозможно да се направат. Како кога ќе тргнам по чаша вода, а завршувам гледајќи смешно видео на телефон. Поминувајќи си постојано низ мислите создава вистинско ремек дело во кое опишува како е да се наоѓаш во релации во кои треба постојано да бидеш „поправена“, додека другата страна постојано поставува нови стандарди. Со што на крај се доведува до тоа да постави и прашање која треба да биде ако не Лола онаква каква што е😊.
Зошто се повеќе млади се пронајдоа во оваа песна и истата стана огромен хит? Затоа што да се најде балансот во себе, тогаш кога најмногу сакаш, а буквално не можеш е најтешкиот таск што треба да го направиш.
За мене се особено скокотливи стиховите:
„And I’m too clever and then I’m too fucking dumb
You hate it when I cry unless it’s that time of the month
And I’m too perfect ’til I show you that I’m not
A thousand people I could be for you and you hate the fucking lot“
Затоа што е истакнато третирање на уметничката како порцеланска кукла, односно онака како што се претпоставува дека треба изгледа или да се однесува една жена/девојка. Кога зборува, зборовите да бидат одмерени и „точни“ затоа што во спротивно би биле глупави. Искажувањето на емоции и потребата за поврзување се поврзува со прекумерна реакција која е оправдана само кога е во време на менструален циклус, односно кога се хормоните „во таван“. Болката во самиот последен стих во оваа песна, може да се забележи во гласот на Лола додека пее и нуди од себе многу различни личности, а сепак светлото се рефлектира само на оние несовршените. Ако секогаш рефлекторите се на лошите работи, никогаш нема да ги забележиме добрите, нели?
Мислењето ќе го заокружам со стиховите:
‘Cause I’m too messy and then I’m too fucking clean
You told me get a job then you ask where the hell I’ve been
And I’m too perfect ’til I open my big mouth
I want to be me, is that not allowed?
Носат барање за дозвола. Барање за да можеш да бидеш тоа што си… да, со кратка коса во сите бои, несредена соба, со повеќе килограми или многу слаба. Во едната рака со телефонот, а во другата фустанчето од вчера вечер и со двете да не знаеш што си сакал да направиш, знам дека не е сфатливо, ама не му е ни на тие што го прават. Доволно е „Messy“ внатре, не мора и надвор! Зошто ми е една од омилените песни? Затоа што ги пресретнува потребите за добра песна на оние кои се мета на очекувања, а никогаш нема да ја разберат оние кои ја предизвикале да се напише.